Стечајците ќе ги блокираат патарините

Стечајните работници кои што членуваат во здружението УНИТ повеќе од една деценија се обидуваат на сите можни начини да си ги остварат своите егзистенцијални права. Бидејќи сите нивни досегашни обиди беа не успешни, тие најавуваат радикализирање на мерките. Во најскоро време стечајците ќе ја блокираат патарината на автопатот на излез од  Куманово кон  Скопје , зашто како што велат,  друг излез немаат.

Решивме пак да почнеме со протести од понеделник. Прво ќе одиме во Скопје  за да се преброиме и договориме колку имаме средства да обезбедиме што повеќе луѓе да протестираат на патарини. Ќе протестираме на патарината Куманово- Скопје да кажеме дека и ние постоиме и дека секој ден наши членови умираат. Оваа категорија мора под итно да се згрижи, за да некој почувствува благодет од оваа држава. Ние не излеговме сами од нашите работни места туку бевме буквално истерани така што сме најмалку виновни, а партиите да не се препукуваат туку како во секоја нормална држава да седнат сите и да го решат проблемот, изјави Љиљана Георгиевска , Здружение на стечајни работници „Унит“ 

 

Стечајните работници без скршен денар и без неопходните лекарства од ден на ден се повеќе се болни , а голем број од нив и се починати. Не можат да се израдуваат и на семејните веселби, како и останатите луѓе.

-Поместување од мртва точка нема, Владата ќе се задолжи 650 милиони евра и сакав да прашам дали во тие 650 милиони евра ќе се обесштетат и овие 3000-4000 стечајци еднаш засекогаш веќе да се реши тој проблем и да не постои во Македонија категорија стечајни работници. Овде има стечајци од 1995-та година , па и од следните години, дали тие стечајци се израдуваа на некоја свадба, крштевка, роденден  и како и секој гост да однесат  соодветен подарок на своите најмили и најблиски, моментот е сега, Владата ако се задолжи со тие 650 милиони евра барем да одвои некој денар и да ги реши стечајните работници, изјави Веселин Марковиќ, стечаен работник 

Марина Петковска е само една од стечајците  која што заедно со својот  сопруг за само неколку месеци останале без работа. оттогаш проблемите , но и долговите само се натрупуваат во ова семејство.

 

-Првин сопругот го избркаа од Кожара , после мене од Амбалажа, земавме  технолошки вишок една година и потоа ништо, земавме социјално, но и тоа го укинаа. Сега сопругот криви со нога и оди да таксира зашто немаме пари за леб и лекарства. Притисок имам 240 секој трет ден, нека ни помогнат до пензионирање да можеме да си ги платиме сметките, никој не е должен на никого да му плаќа струја, струјата ни ја исекоа иамме 37.000 долг , изјави Марина Петковска, стечаен работник

 

Стечајците подолг период добиваат помош од локалната самоуправа во Куманово. Општината им ги плаќа сметките за вода, ѓубрарина,стечајците од приградските населби имаат слободен возен билет, а понекогаш им се доделува и еднократна помош на најзагрозените. Георгиевска се надева дека  кога централната власт ќе се смени ќе биде усвоен нивниот Предлог -Закон за обесштетување до пензија на оваа категорија граѓани. Во УНИТ членуваат четири илјади стечајци , меѓу кои и 400 Албанци од Липково и Куманово .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)