Стечајците ќе ги бојкотираат изборите

Стечајните работници нема да го остварат своето демократско право да гласаат на претстојните парламентарни избори доколку опозицијата предводена од СДСМ ги бојкотира. Оваа категорија на граѓани ќе ја поддржат опозицијата и доколку одлучат да излезат на улица како што веќе најавуваат бидејќи како што  велат од Здружението на стечајни работници и технолошки вишок „ Унит“  владеачката гарнитура последниве десет години немала слух за решавање на нивниот статус.  Иако претходниот период најавуваа радикализација на протестите, сепак во моментов се ставени во мирување.

-Согледувајќи ја ситуацијата во државата одлучивме сите здруженија на стечајни работници на ниво на државата да останеме мирни, да не се крева тензија , да не придонесеме за тензија, одлчивме да видиме што ќе се  случи со изборите кои што се многу важни за РМ и што ќе се случува со државата. Нема да излезев стечајни работници на избори зашто единствена цел е да има промени и да се обештети оваа категорија на граѓани, бидејќи ако некој вели дека со доаѓање на власт ќе го реши пропбелмот на стечајните работници, јас не гледам причина зошто да не ја подржиме таа опција, изјави Лилјана Георгиевска, УНИТ  

Одлуката да не излезат на гласање е донесена едногласно од сите 18 здруженија на стечајни работници на ниво на државата. Стечајците сметаат дека ќе бидат обештетени доколку СДСМ дојде на власт.

-Ние имаме потпишано меморандум со опозицијата, значи со сите партии кои се дел од опозицијата во државата, во кои е и СДСМ . Имавме потпишано спогодба и со екс претседателот Бранко Црвенковски и со сегашниот Зоран Заев, така што докуменот е веродостоен со потпис , со печат и сме сигурни дека ако дојдат на власт ќе бидеме обештетени, изјави Георгиевска.

Од  речиси 2600 стечајни работници во Куманово бројката е намалена  на 1200. Тоа се должни на зголемувањето на стапката на морталитет кај оваа категорија на граѓани. Во меѓувреме, стечајците мака мачат да го преживеат месецот без речиси никакви приходи.

Стечајните работници веќе подолго време бараат да се донесе закон со кој ќе бидат опфатени стечајците кои имаат минимум 15 години работен стаж,  52 годишна возраст за жени и 55 години за мажи. Висината на паричните средства кои што ги бараат на месечно ниво се 7000 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)