„Стоп омраза-Сподели почит“

Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза е настанот којшто е одржа денеска во општинската организација на Црвениот крст. Акцијата под мотото Стоп Омраза, Сподели почит ја спроведуваат Гешталт центарот МК Аспекти, со поддршка на Цивика Мобилитас, а во соработка со повеќе младински организации од државата и општинските организации на Црвен крст. Целта на акцијата е ширење на медиумска кампања за развивање на свесноста кај младите дека говорот на омраза дискриминира, прави поделби, создава деструктивно однесување и во крајна ситуација создава и социјални немири.

-Посебна цел на нашата медиумска камапања е да ги промовираме позитивните активности да промовираме дека говорот на почитување развива клима и атмосфера кај луѓето и создава позитивна клима и атмосфера меѓу луѓето и позитивна комуникација соживот и поквалитетен живот. Денеска трибината во Куманово наидуваа на позитивен одзив кај младите и цел е младите преку свои акции и настапи и активности да делуваат позитивно и превентивно и своите позитивни средини за промоција на говорот на почитување. Имавме и некои други активности, имаме подготвено медиумски материјал за влијание, флаери, билборди кои беа поставени два месеци низ повеќе важни локации низ Скопје медиумско претставување и слично. Продолжуваме и понатаму во иста насока-посочи Лидија Попчева психолог-психотерапевт Аспекти.

Акцијата се спроведува низ 12 градови во државата и тоа Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Струмица и Штип.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)