ВИДЕО: Сточарите од Љубодраг утре на средба со претставници на АХВ

Сточарите од Љубодраг и денеска два часа го блокираа регионалниот пат Куманово – Скопје, незадоволни од одлуката за уништување на свињите донесена од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако пред шест месеци беше откриен случај на африканска чума во селото.

Претседателот на месната заедница Бобан Лазиќ информира дека на нивна иницијатива утревечер во 18 часот во кружната сала на поранешен комитет ќе се сретнат со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и евентуално од МЗШВ  за да се обидат да изнајдат заедничко прифатливо решение за сите засегнати страни.

Доколку не постигнат договор, протестите и блокадите од засегнатите мештани нема да престанат и ќе продолжат до целосно исполнување на барањата.

Коментари

коментар(и)