Водостопанство може да помогне со тоа што ќе го испочитува договорот што го направивме на 09 јули во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство според кој беше договорено цената на водата да биде 4,5 денари, од кој договор нема апсолутно ништо. И понатаму не фактурираат на 6,7 денари и на тој начин се прави фиктивен, апсолутно непостоечки долг за кој што тие зборуваат. За последнава година ипол по сите основи од наша сметка имаат земено 46 милиони денари, а за претходните три години „Водостопанство Кумановско- Липковско поле“ нема добиено толку пари од ЈП „Водовод“. Единствено што треба да направат е да го испочитуваат договорот, изјави Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.
Стојковски: Водостопанство бара непостоечки долг
