Стојчевски: За 11 дена да излеземе сите на гласање

Секојдневно светот ја поддржува Македонија, но сепак одговорноста е наша, рече денес на прес конфренција директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и член на СДСМ, Даниел Стојчевски кој ги повика граѓаните на 30ти септември да го дадат својот глас „за“ на референдумот.

Сепак не гласа светот за нас и затоа треба самите да излеземе и да го дадеме својот глас за 11 дена, рече Стојчевски.

– Европска унија и НАТО велат вратите се отворени, добредојдени сте, но нивното тука завршува, на ред сме ние. На 30ти септември треба сите заедно да влегуваме низ отворените порти кон НАТО и Европската унија, одлуката е исклучиво наша и само ние може да ја донесеме. НАТО е најсилниот безбедносен сојуз во светот, тоа е семејство чии членови се штитат едни со други. Европската унија е семејство на народи каде земјите си помагаат една на друга за да изградат заедничка безбедност, да споделуваат можности и да создаваат економски придобивки за секоја земја членка на семејството, рече Стојчевски.

За сигурна иднина на нашите деца и млади, треба да влеземе во оваа семејство, додава Стојчевски, кој истакна дека оваа шанса е еднаш засекогаш и во иднина нема да имаме повторно таква шанса.

На референдумот закажан за 30ти септември, граѓаните ќе треба да го дадат одговорот на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, кој пак предвидува промена на името во Република Северна Македонија и отпочнување на преговорите за пристап кон двете меѓународни заедници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)