Стручниот штаб на „Бал фор Лајф“ ја посети општината

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше прием за првите луѓе и тренерите на спортската академија Бал фор Лајф, кои по одличната сезона обезбедија влез во втората кошаркашка лига на Македонија. Градоначалникот им честиташе за големиот успех им посака уште многу трофеи и влез во првата лига. Тој вети дека ќе се заложи заедно со Сојузот на спортови за наредната сезона да обезбедат симоблични средства за овој клуб со кој ќе се обезбеди превоз за гостувањата, организацијата на натпреварувањата и слично, како и простор во некоја од салите за одржување на тренинзите.

-Куманово како кошаркашки град има потреба од неколку екипи бидејќи очигледно е дека граѓаните сакаат кумановски играчи во вашата заложба ја имате нашата поддршка.  Денеска честитки од мое име, од име на општината и на граѓаните на Куманово, за ентузијазмот и успехот кој го направивте ви верувам дека ќе дадеме поддршка наредната година ќе обезбедиме услови за тренажни просеци како и на други екипи кои имаат статус на прволигаш и второ лигаш кои даваат резултати-посочи тој.

Клубот Бал фор Лајф функционира веќе седум години, а ова е најголемиот успех кој што досега го имаат постигнато.

-Влеговме во втора лига тоа го зацртавме кога стратувавме со целиот проект. Благодариме за приемот, многу ни значи вашата поддршка што ни ја ветивте и се надевам дека од септември ќе бидеме уште појаки и целта која ќе ја зацртаме со стручниот штаб и играчите ќе ни се оствари и се надевам наредната година пак ќе седнеме со уште поголем успех ќе прославиме, влез во прва лига зошто да не-истакна Дарко Петковски, сопственик на клубот.

Петковски истакна дека планираат да започне да функционира и прв тим женска кошарка, но клубот ќе се насочи и на други спортови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)