Субвенциите за стечајците продолжуваат

Стечајните работници од Куманово петта година по ред користат субвенции од локалната самоуправа за сметките за потрошена вода и ѓубрарина, а  користат и бесплатен јавен превоз. Околу  илјада  стечајци треба да ја обноват потребната документација најдоцна до наредната среда, информираат од здружението за стечајни работници „УНИТ“.

-Огромна благодарност  до Совет на општината,  градоначалникот  бидејќи  петта година ни овозможува  да не плаќаме комуналии и возен билет . При крај е рокот за поднесување документација. Да ги потсетам стечајните работници дека треба да поднесат  белешки за ѓубрарина и вода и останатите потребни документи.  Рокот истекува до петок, но најдоцна до среда, наредната недела треба да ги поднесат документите. Повеќе од 960  стечајци се субвенционирани. Документите се поднесуваат  во општината кај Катастар , изјави Лилјана Георгиевска од здружението „УНИТ“

Бесплатниот  јавен превоз е уште една бенефиција  која што ја користат стечајните работници.

-Благодарност до транспортните претпријатија кои што ни овозможија бесплатни возни билети и за селските подрачја, а за мене и за координаторот на УНИТ има и бесплатни билети Куманово –Скопје, изјави Георгиевска.

Стечајните работници се надеваат дека по формирање на Владата, нивниот предлог закон повторно, по шести пат ќе биде поднесен и конечно ќе се реши нивниот статус. Тие бараат државата да им обезбеди по 6.000 денари месечно до пензионирање или до повторно вработување.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)