Субвенции за нова механизација за земјоделците

Кумановските земјоделци имаат можност да аплицираат за субвенции за набавка на механизација за житни и индустриски култури. Со програмата за рурален развој, поддршката е од 50 до 75 отсто од вредноста на тракторите и останатите машини. 

Како што информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството годинава аплицирањето ќе биде по електронски пат, документите се сведени на минимум, а земјоделците треба да се евидентираат кај нив.

Посебни услови имаат младите земјоделци до 40 години, жените сопственици на земјоделски стопанства, како и лицата од руралните средини. Од агенцијата нагласија дека земјоделците се заинтересирани за модернизација на механизацијата. Додаде дека лани од 40-ина апликации, дури 20-ина земјоделци добиле можност да го збогатат својот возен парк.

-Со 50 проценти мислам дека земјоделците треба да бидат задоволни оти трактор од 10.000 евра можат да го купат за 5.000 евра, тоа е голема поддршка. Ако зел трактор сега може да земе приклучна механизација која што му треба-нагласи Живка Наумова, раковидел на агенцијата.

Крајниот рок за аплицирање за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година е 20-ти февруари.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)