Судската администрација се уште штрајкува

Судската администрација очекува стопроцентно исполнување на барањата поради кои штрајкуваат повеќе од еден месец. На одржаниот состанок во министерството за правда сите присутни ги поддржале нивните барања и  било заклучено дека треба да се бара решение за надминување на проблемот со штајкот.

-Министерот за правда информираше дека барањето на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА го поставил на седница на Влада и ја известил Владата дека ќе организира средба на која ќе се расправа за барањето на синдикатот и здружение на судска администрација. Министерот заклучи дека најдоцна до 20 или 21. 06 2016 година ќе има конкретен став и предлог како да се реши барањето на Синдикатот и Здружение на судска администрација. За таа цел по добивањето на конкретен став вторник или среда ќе биде свикан состанок на претседатели на синдикални организации и подружници на ЗСА на кој ќе биде расправано за предлогот и ќе се заземе став за натамошните активности на штрајкот, изјави Синиша Ќириќ, претседател на синдикална организација на Основен суд Куманово и претседател на штајкувачки одбор

Во меѓувреме, штрајкот продолжува со исто темпо и ќе се одвива според упатствата  на синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација. И понатаму не се работат предметите кои што се договорени со Синдикатот.

Инаку, да потсетиме, штрајкот го организираат Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба

Тие остануваат на своите барања- измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7, 30 до 15, 30 .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)