Сузбиена организирана криминална група

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на четири локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово, при што се лишени од слобода три лица.

При претрес кај А.М.(50 години ) од село Опае, кумановско, пронајден е еден пиштол, куршуми, поголема количина на кокаин, пакувања со марихуана, електронски уред за мешање на дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело.

Коментари

коментар(и)