Суперлига жени: Куманово убедлив во дербито против Чаир

ЖРК Куманово продолжува да брза кон титулата во женскиот ракометен шампионат, откако славеше убедливо во дербито на колото против Чаир со 36-23. Александра Боризовска со 10 гола беше прво име кај кумановки, додека по осум постигнаа Јанкуловска и Шарановиќ. Кај поразените со 10 гола беше најефикасна Марија Николовска.

Резултатите од останатите два натпревари се: „Ѓорче Петров“ – „Гевгелија 21:24 и „Кузман Вардар“ – „Шампион“ 28:35.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)