Во селото Табановце денес се празнува летната слава „Св.Никола“, заштитник на земјоделците и сточарите. Мештаните секоја година празникот го одбележуваат со осветување на петте крстови кои се наоѓаат во различни маали во селото. На крај селаните се собираат околу главниот крст кој е лоциран во кругот на црквата „Св.Петка“ и палат свеќи за здравје и бериќет во текот на целата година.
-Оваа е летна Св. Никола слава на нашата црква Св. Петка. Секоја година се бира новиот кум и на овој ден се готви рибја чорба. Ние како црковен одбор и организатори му помагаме на кумот собираме пари и ја организираме манифестасијата, вели Драган Станковиќ, член на црковен одбор.
Црквата „Св.Петка“ е изградена во далечната 1933-та година, а реновирана е во 1989-та. Кумот на црквата заедно со своите соселани собрани околу крстот го делеа славскиот колач, а подоцна беше избран и нов кум за наредната година.
-Кумата треба да направи колач за „Св. Никола“ и да повика гости за здравје и бериќет на селото. Убав е овој ден јас тука 50 години сечам колач и денес се пријавив за кума и ми се насмеа среќата и ме избраа за кума.
Овој празник се празнува во многу села, а Табановце го смета „Св.Никола“ за свој заштитник. На селската слава гости беа претставници на различни политички партии, јавните институции и претставници од Општина Куманово.