Таксистката Ивановска ги воодушевува кумановци

Четириесет и двегодишната Славица Ивановска е една од неколкуте дами- возачи на такси во градот. Таа заедно со уште една или две претставнички на понежниот пол ги урива предрасудите дека жените се лоши зад воланот и дека не можат да се занимаваат со оваа „машка професија“. Ивановска раскажува дека нејзината работа предизвикува внимание кај граѓаните, а посебно се изненадени патниците кога ќе седнат во автомобилот. Најголем дел од коментарите се позитивни и луѓето ја подржуваат во нејзината работа, но има и такви кои сметаат дека тоа не е работа за жени. Со својата посветеност и професионалност таа досега немала сообраќајна несреќа или немил настан, кој би ја поколебал да го остави таксирањето

-15 години се занимавам со такси, но не сум активна, има периоди  кога работам такси, па заминам на друго место, зависно од финансиската состојба, штом ќе останам без работа се враќам повторно во такси, тука ми е некако посигурно и некако се пронаоѓам меѓу автомобили. Вака како жена несекојдневно и самата појава кога ќе видиш жена малку е изненадувачка. Јас се чувствувам како единствана тука, и сите очи се вперени кон мене-вели таа.

Ивановска низ смеа ни раскажа дека е одлично прифатена и од останатите колеги кои и даваат поддршка, но смета дека во градот се уште е табу тема жена да биде возач на такси. Додава дека сепак повозрасните госпоѓи се радуваат кога ќе ја видат, велејќи дека се чувствуваат побезбедно при возењето.

-Жените се многу оптимисти и обожаваат кога ќе видат жена таксист тоа многу им се допаѓа, има жени кои ме прашуваат дали може да возат како е што е, дали се плашат дали им е страв-додава таа.

Ивановска со оваа професија започнала да се занимава од 2000 година. Додава дека воопшто не и е важно каде ќе работи и дали меѓународот таа професија се смета  „за машка“, туку нагласува дека секоја работа си има своја тежина, а таа настојува да ја изврши професионално.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)