Тампониран локалниот пат во селото Пезово

Во текот на вчерашниот ден е извршено тампонирање на локалниот пат во селото Пезово, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски преку социјалните мрежи.

Како што претходно најави, викендов се подготвуваше и теренот за тампонирањето на патните правци во селата Мургаш и Косматац.

– Овој викенд во соработка со месното население од село Мургаш и село Косматец интензивно се работи на подготовка за тампонирање на пристапниот пат до селата, паралелно оди и процесот за негово тампонирање. Благодарност до месното население кое директно се вклучи во оваа акција за решавање на деценискиот проблем со пристапот до овие две кумановски села, вели градоначалникот Димитриевски.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)