Тасевска во „СТАВ“: Власта не го заборави Куманово!

„Власта не го заборави Куманово, тоа го потврдуваат проектите што ги реализиравме“, истакна при гостувањето во емисијата „СТАВ“, пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска. Според неа актуелната власт, во чии редови има тројца министри, неколку пратеници, заменици министри и државни секретари кои поттекнуваат од Куманово, квалитетно им се одолжува на граѓаните. Новиот ургентен центар, реновираните детски градинки и асфалтираните патишта, кои како што рече изминативе 40 години целосно биле заборавени, се дел од  значајните проекти кои што ги направиле.

-Сите патишта кои што водат на некој начин или гравитираат кон Куманово, се рехабилитираат или се градат. Тие се во должина од 112 километри. Тоа се Куманово-Опае, Куманово- Никуштак, Куманово-Свети Николе, Младо Нагоричане-Пелинце, Куманово-Страцини, Ропаљџе, Матејче, Липково. Се реконструира пругата Куманово-Бељаковце. На граничниот премин Табановце со Република Србија, отворивме единствен граничен премин што значи дека тоа е многу побрз начин и олеснување на преминување на границата со Србија. Наскоро ќе започне гасификацијата на кумановската болница-истакна пратеничката од СДСМ.

Тасевска потсети дека Владата одвои 20 милиони денари на Општина Куманово за инфраструктурно уредување на индустриската зона во село Речица. Таа очекува по целосното уредување  оваа индустриската зона да заживее, со оглед на атрактивната локација на која што се наоѓа, автопатот  Куманово-Табановце.

-Тоа е дел кој е атрактивен и ќе биде атрактивен за наредните инвеститори, предвиден за намена за мали и средни претпријатија, за лесно преработувачка индустрија, во план е изградба на хотел. Овие средства што беа доделени на Општина Куманово пред се ќе се користат за изградба на водоводна, канализациона мрежа, атмосферска канализација, пречистителна станица и асфалтирање на улици и мене ми е драго што дел од работите веќе се при крај-нагласи таа.

Пратеничката потсети дека е решен и дологодишниот проблем на стечајните работници, од кои најголем дел се од Куманово. Очекува наскоро вакви средства да добијат и останатите стечајци, кои претходно не беа опфатени со законот за обештетување. Тасевска посочи и дека како партија во Куманово, изминатиот период благодарение на донаторите, симпатизерите и членовите, направиле 15 детски игралишта во неколку населени места во градот и руралните средини.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)