Тасевска: Грижата за земјоделците продолжува

„Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците. Субвенциите ги зголемивме, исплатата се одвива редовно, навремено и не селективно. За овој период овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра“, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за пратеник од СДСМ, Лидија Тасевска.

-Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци. Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. 3.000 денари субвенции за плата на нови работници помлади од 25 години. Субвенции за зелена нафта до 100 проценти од цената, 20 отсто годишно зголемување на поддршката за жените земјоделки, рече Тасевска.

Тасевска посочува дека во  мандатот 2020-2024 продолжува поддршката за одржливо и конкурентно земјоделско производство. Годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра за земјоделството и руралниот развој, рече кандидатот за пратеник.

-ВМРО-ДПМНЕ и на власт и во опозиција ги манипулира земјоделците и гази врз нивниот труд. СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, го цени и вреднува нивниот труд. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира земјоделците. Цели 11 години ВМРО –ДПМ НЕ го уништуваше земјоделството, субвенциите ги исплаќаше селективно и пред избори, даваше државно земјиште на лажни земјоделци и партиски членови, рече Тасевска.

„На 15 јули земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат обнова на газењето врз нивниот труд“, потенцираше Тасевска.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)