Тасевска: Младите нема да се иселуваат

Членството во ЕУ и НАТО ќе значи повеќе инвестиции кои ќе отворат нови работни места, рече денеска на прес конференција пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска, која ги повика граѓаните на 30ти септември да излезат и да се изјаснат позитивно по однос на референдумското прашање.

Младите нема повеќе да сонуваат да се иселат од Македонија и да ја бараат Европа надвор од границите, рече Тасевска, која потенцираше дека Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие.

– Во Бугарија просечната плата порасна двојно по влезот во Европската унија и НАТО, а невработеноста се намали од 18 на пет отсто, во Романија просечната плата порасна за 400%, а нвработеноста се намали од 15 на четири проценти. Во Хрватска, невработеноста кај младите се зголеми од 26 на 43 отсто. Кај нас песрспективите од Европската унија и НАТО веќе се чувствуваат. Во првата половина од тековната 2018 година, по поканата за членство во НАТО алијансата и напредокот во преговорите со Европската унија, Македонија има забележано рекорден прилив на директни странски инвестиции во износ од 327 милиони евра, што е три пати поголем прилив од истиот период минатата година, рече Тасевска.

Стапката на невработеност, како што посочи пратеничката Тасевска е намалена на 21,1%, што е историски најниско ниво досега, додека просечната плата бележи постојан раст. Просечната НЕТО плата е 6,1% повисока во однос на истиот период минатата година.

– Со посветен пристап во спроведувањето на политиките, со членството на државата во ЕУ и НАТО, невработеноста забрзано ќе опаѓа, а платите уште повеќе ќе растат. Тоа се силни причини за да младите останат во Македонија. Почитувани сограѓани, на 30ти септември ја имаме историската шанса да направиме значаен исчекор и да бидеме во друштво со богатите и развиени европски земји. Почитувани сограѓани, на 30ти септември нема рамнодушност, едноставно треба да се излезе и да се поддржи референдумот, изјави Тасевска.

Референдумот ќе се одржи на 30ти септември со прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)