Тасевска нова потпретседателка на комисија на ПАБСЕК

Членовите на Комисијата за правни и политички прашања на ПАБСЕК, на онлајн состанок, ја избраа Лидија Тасевска, шеф на Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК, за потпретседател на Комисијата, со мандат од две години.

На состанокот учествуваа националните делегации на Азербејџан, Бугарија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина, како и претставник на Постојаниот меѓународен секретаријат на БСЕК.

Комисијата ги одобри Нацрт-извештајот и Препораките на тема: „Улогата на парламентите во зајакнувањето на економската безбедност во земјите членки на БСЕК“, кои ќе бидат доставени на 61. пленарна сесија на Генералното собрание на ПАБСЕК, во мај годинава.

Комисијата, исто така, беше информирана за тековните активности на Организацијата, информираат од Собранието.

Коментари

коментар(и)