Тасевска од СДСМ: Нема да успее купувањето гласови

Нема да успее поткупувањето на гласови во Куманово, бараме надежните институции да постапат по овој случај и да се утврди одговорност, истакнаа на прес конференцијата на СДСМ, откако во јавноста излезе аудио снимка, според која  кандидат за советник прави зделки за гласови.

-Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари, плус 500 денари за посредникот на зделката. Ова е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим. Ова е класично режимско постапување од најлошите години на режимот. Со ваквото однесување Максим Димитриевски го покажа своето вистинско лице и уште еднаш покажа дека не е социјалдемократ, како што се претставува. Надлежните институции веднаш да постапат по овој случај, да се отвори истрага, да се утврди одговорност и да следуваат соодветни санкции. Куманово памети како ВМРО-ДПМНЕ со години поткупуваше, уценуваше, заплашуваше граѓани во обид да ги притисне и на сила да завладее со Куманово. Тоа никогаш не им успеа. Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговото вистинско лице. Кумановци и кумановки се чесни, горди и достоинствени луѓе кои никој не може да ги купи, нема да успее ниту Димитриевски-истакна Лидија Тасевска од СДСМ.

Коментари

коментар(и)