Татко со син со посебни потреби остана без кров над глава

Педесет и петгодишниот Момчило Стефановски, кој што е невработен и самохран родител на лице со посебни потреби, остана без кров над глава, откако вчерапопладне пожар ја зафатил железничката станица Карпош, во село Речица. Материјалната штета е голема, а освен што е уништен просторот кој цели 16 години служел како дом на семејството Стефановски, истото останало и без домашните животни кои ги одгледувало. Огнот избувнал околу два часот попладне, откако претходно зафатил повеќе стрништа.

-Секоја година се бориме во ова време со палења на стрништа овој пат не успеавме, се што имав се изгубив, се мачевме и јас и луѓето тука и пожарна и од Mакедoнски железници се, се организиравме но ништо не помагна. Се што се мачев 16 години за два часа отиде. Некаде околу два часот јас дојдов со пожарна тука веќе беше зафатено луѓето само можеше да локализираат да не се прошири на други места, максимално се ангажираа до 4 ипол утринава тука беше и екипа од Македонски железници која обезбедуваше да не дојде до некоја поголема трагедија бидејќи се работи со вода а овде е висок напон така што само можеме да се потрудиме да не се прошири на други места-истакна тој.

Стефановски вели дека во овој момент најпотребен му е кров над глава, каде ќе може да се смести со својот син.

-Не сум вработен, самохран родител, работам со починати лица доколку ме викне некој тоа е. Без сигурна егзистенција за живот, сега и без кров на глава со дете со посебни потреби апелирам до сите кој може да помогне однапред му благодарам-посочи несреќниот човек.

Тој изрази благодарност до мобилниот тим на Црвен крст Липково кој веднаш обезбеди пакет со прва помош.

-Нашата цел е да помогнеме секаде како што гледате моментално им донесовме пакети храна имаме конзервирана храна, вода, хигиенски прибори, церада колку што можеме помагаме. Ќе ги известиме и другите екипи од мобилен тим Липково ќе доаѓаат секој ден ќе пружаат помош колку треба се што треба-нагласи  Бојан Петровски, лекар при мобилен тим на Црвен крст Липково.

Стефановски се надева дека постојат хумани граѓани кои ќе му помогнат во овој тежок момент. Инаку во гаснењето на пожарот кој избувнал од засега непознати причини, учествува припадници на територијалната противпожарна единица Куманово, кои веднаш излегле на терен и со едно противпожарно возило интервентирале во четири наврати.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)