ТВ Плус меѓу добитниците на Ноемвриската награда

Телевизија Плус, Општа болница Куманово, и лекарите Јадранка Стаменковска,  Александар Трифуновски, Али Далипи и Азис Бајрами се добитници на овогодинешната Ноемвриска награда, како најпрестижно признание кое што го доделува Општина Куманово за врвни достигнувања на поединци, група граѓани или претпријатија, по повод Денот на градот, 11 –ти Ноември. Вкупно се кандидирале 21 кандидат, од кои 14 физички и 7 правни лица, информираше претседателот на Комисијата за одбележување на празници и манифестации, Сашо Милковски. Тој посочи дека годинава Комисијата едногласно донела одлука да даде посебен акцент на здравствените работници, кои најмногу принеле во борбата против Ковид-19.

Ноемвриската награда за 2020 година во вид на диплома и паричен износ им се доделува на следниве лица: Јадранка Стаменковска – лекар специјалист, епидемиолог, раководител на Одделението за епидемиологошка дејност при Центар за јавно здравје Куманово и член на Штабот за заштита и спасување на Општина Куманово, за нејзината долгогодишна работа и огромна посветеност во превентивната заштита и подигањето на квалитетот на здравјето на граѓаните, а особено во периодот на започнување на пандемијата на коронавирусот.

-Александар Трифуновски – лекар, специјалист, хирург урулог вработен во Универзитетска клиника за урологија Скопје кој беше дел од тимот за трансплантација на бубрези од жив дарител во одделот за трансплантација, за неговиот особен придонес и ангажман при учество во бројни трансплантации, како и во првата истовремена трансплантација на срце и бубрези.

-Али Далипи – Лекар специјалист, офтаомолог, началник на одделот за очни болести при Општа болница Куманово за неговата догогодишна работа и особен ангажман за дејноста за што сведочат и добиените признанија и пофалници од релевантни институции од државата, а автор е и на повеќе стручни трудови од областа на офтаомологијата.

-Азис Бајрами – лекар специјалист инфектолог, вработен на Инфективното одделение при Општа болница Куманово за неговата посветена работа во здравствената дејност за што сведочат добиените признанија и пофалници, а особено заради неговиот ангажман во периодот од започнувањето на пандемијата-истакна Милковски.

Од правните лица добитници на Ноемвриска награда се јавната здравствена установа Општа болница Куманово за повеќедецениското успешно работење во областа на здравствената дејност, а особено заради одговорното однесување на медицинскиот персонал и грижата кон пациентите во пандемијата, како и Телевизија Плус за професионално работење.

Телевизија „Плус“ Куманово за објективното, професионално и навремено повеќегодишно информирање на граѓаните за сите дневни случувања во Општина Куманово и пошироко во регионот при што особено се истакнаа во периодот од започнување на пандемијата предизвикана од коронавирусот кога преку организирање на контактна емисија редовно ги информираше граѓаните како да се справат за време на оваа пандемија, при што за граѓаните на кои им беше потребна помош организираше и донаторски и хуманитарни акции-истакна Милковски.

Наградите ќе бидат доделени на Свечената седница на Советот на Општина Куманово која ќе се одржи на 11-ти Ноември.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)