ТВ Плус одбележува шест годишнина од своето постоење

6 години во кумановскиот етер значат исто толку години навремено и непристрасно информирање – ова е краткото мото со кое сеуште се раководи уредничката политика на ТВ Плус и со кое, годинава, скромно го одбележува шестгодишниот јубилеј.

Во услови на пандемија и тешко стопанисување, ТВ Плус остана на страната на својата публика која со нетрпение ги очекува продукциските изданија на веќе култните емисии: Нема љутиш, Став, Компаратив, За Куманово, Студио Плус и многуте содржини, грижливо одберени за кумановци со специфичен табиет.

Секоја вечер, од 18 и 22 часот, телевизијата емитува вести од локален интерес, ги следи во чекор успесите на кумановските спортисти, ги емитува во живо седниците на градскиот Совет и ги обработува темите со кои е засегната и српската заедница која живее на овие простори, на нивниот мајчин јазик.

Со своите препознатливи содржини, ТВ Плус од 2015-тата до денес, се избори за своето место под сонцето на македонскиот хоризонт од прекумерен број понуди. Разноликоста во содржинска смисла придонесе шестгодишниот јубилеј да ни стане поттик за уште многу визуелни доживувања, што би сакале и понатаму да ги споделуваме со нашите гледачи.

Идејата отсекогаш вредела најмногу на пазарот на трудот. Ви благодариме што мислите дека сме оригинални и што не мотивирате за уште поголеми достигнувања. Нека минатогодишната Ноемвриска награда на град Куманово биде само една во низата признанија за локалниот бренд – Плус. Предизвикот од новото време нека биде само во технолошка смисла. Концептот, веќе го имаме моделирано и благодарение на вас, го остваруваме во програмата. Благодарност до сите соработници, деловни пријатели и верните гледачи, а пред се до сите вработени и хонорарно ангажирани за нивниот досегашен допринос.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)