ТВ Плус одбележува 7 години постоење, гостин во „СТАВ“ уредникот Драган Ивановски

На 1-ви април во 2015-та година започна да функционира ТВ Плус. Кумановци седум години точно, навремено и објективно се информираат за најновите случувања во општината, се едуцираат и забавуваат.

Продукциските изданија на ТВ Плус се емитуваат и на национални и регионални телевизии.

Во телевизијата гостуваа претседатели, премиери, министри, градоначалници, советниците од сите политички партии и етникуми.

За успешната работа ТВ Плус го доби и највисокото општинско признание, Ноемвриската награда, како и низа признанија од повеќе здруженија и организации.

По овој повод во емисијата СТАВ гостува главниот и одговорен уредник, Драган Ивановски. Тој зборува за финансиската состојба на медиумот но и за програмаската шема, плановите во иднина, соработката со општествено одговорни компании, општината.

ГЛЕДАЈТЕ СТАВ ВО 20 ЧАСОТ!

ВАША ТВ ПЛУС!

 

Коментари

коментар(и)