Театар Куманово се подготвува за нова претстава

„Семејството Тот“ е насловена најновата претстава на која работат актерите од кумановскиот театар, а чија премиера се очекува во декември.

Од сопствени средства на Театар Куманово кумановската публика ќе има можност да ужива во трагикомедијата по текст на унгарскиот автор Иштван Екрењ, а во режија на Мартин Лазаревски кој инаку е актер во кумановскиот театар.

. Станува збор за една трагикомедија, деталите нема да ги откривам можам да ви кажам дека ангажирани се четворица актери од нашиот театар: Мирослав Петковиќ, Александра Пешевска, Сања Русевска и Марко Трајковиќ. Сметаме дека со овие проекти кои што ги правиме од сопствени средства, значи ова не е текст спонзориран од Министерството за култура ќе го збогатиме прво репертоарот, а потоа ќе понудиме на кумановската публика многу повеќе од она што го предивудва министерството, односно две претстави на годишно ниво.– изјави Симона Тоскиќ, продуцент во кумановскиот театар.

Според програмата на Министерството за култура кумановскиот театар добива средства само за реализација на четири претстави, од кои двете се на македонски, а две на албански јазик, за што критичарите сметаат дека не е доволно за да се одржува културата во градот на едно завидно ниво.

До сега оваа година спремивме еден класичен текст „Ревизор“, потоа спремивме комедија, сметаме дека трагикомедија многу добро ќе ни дојде и на нас како продукција и на кумановската публика – додава Тоскиќ.

Кумановскиот театар претставата „Семејството Тот“ ќе ја реализира во декември, а според Тоскиќ, ќе бидат направени напори да се одигра претстава и за најмлатада публика.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)