Тевдовски во посета на Куманово

Во прва официјална посета на Општина Куманово денеска беше министерот за финансии Драган Тевдовски кој во својата богата агенда, оствари и средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

На средбата се разговарало за финансиската состојба на општината, долговите од неколку милиони евра поради кои локалната самоуправа работи со бликарана сметка, но и за начините како да се реши тој проблем.

Со заеднички сили, но и со планот на Владата, градоначалникот Димитриевски изрази надеж дека економската блокада за почеток ќе се ублажи, а во текот на следната година општината да дојде и до посериозни средства кои ќе ги искористи за капитални инвестиции.

– Конкретно беше разговарано за можни инвестиции во изградба на детски градинки, инвестиција во индустриската зона Куманово – Речица и други инвестиции од аспект на долгорочно задолжување на општината, но исто така и искористување на можни грантови и средства кои доаѓаат директно преку европската унија, како најголем донатор во Република Македонија. Ја користам оваа прилика повторно да потенцирам и како градоначалник, но и како граѓанин на нашата општинат,а да ја сфатиме сериозноста на датумот 30ти септември и нашата граѓанска одговорност да се соочиме со овој предизвик, да излеземе и дадеме поддршка на референдумското прашање, бидејќи тука ќе ја пишуваме новата историја на Македонија како држава и нејзините граѓани, рече Димитриевски.

И Тевдовски и Димитриевски ги повикаа граѓаните  да гласаат на референдумот затоа што, како што посочија, членството во ЕУ ќе донесе подобрување на бизнис климата и инвестициите како во Куманово, така и во целата држава.

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека членството во НАТО е гарант за сигурноста и безбедноста, а тоа за странските инвеститори е најважно.

– Членството во НАТО ќе значи дека инвеститорите ќе започнат посериозно и многу повеќе да вложуваат во производни капацитети, да отвараат нови работни места, а тоа е најважно за Владата, и ќе значи дека луѓето ќе работат, тоа значи дека ќе има нови работни места, а таа конкуренција ќе направи платите да растат во различните фирми, бидејќи ќе има повеќе можност за работа, а тоа е приритет на Владата, животниот стандард и платите на граѓаните да растат, рече Тевдовски.

Околу 90 милиони евра годишно, како што посочи Тевдовски, Македонија добива грантови и пари од граѓаните на ЕУ, а со тоа се финансира изградба на патишта, градинки, училишта и прочестителни станици.

– Тука во Куманово канализациона мрежа од 4,3 милиони евра е изградена, потоа се гради со вакви пари училиштво село Черкезе и би сакала да потенцирам на граѓаните на Куманово да им биде јасно дека приближувањето, односно членството во ЕУ ќе значи дека таа поддршка ќе биде повеќекратно зголемена, што е пак значајно за развој на инфраструктурата во Македонија, а таа инфраструктура ќе донесе поголема економија, повеќе работни места и подобар живот за нашите граѓани, рече Тевдовски.

Како што додаде Тевдовски, Куманово е една од општините со сериозни неплатени обврски кон доверителите и поради тоа на централно ниво се прават анализи како да се помогне на општините.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)