Тегла со чист воздух за градоначалникот

Симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово со автомобили ја блокираа општината, од каде побараа надлежните да се справат со загадувањето на воздухот. Според нив централната, но и локалната власт не презела ниту една мерка за решавање на овој проблем. Пред општината тие оставија тегла со чист воздух за градоначалникот и администрацијата. 

 

 

Тегла со чист воздух оставија членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ пред општина Куманово, со што побараа надлежните итно да се справат со аерозагадувањето. Тие истакнаа дека Куманово е лидер во светски рамки поради загадувањето.

-Оваа власт на СДСМ не толку одамна во 2016 година  и овој човек пред да се седне во својата фотелја за градоначалник Максим Димитриевски, од уста не ја вадеа темата за загадување на воздухот. Се наслушавме разни планови, визии за решавање на овој проблем за нивниот аеро, алпски воздух кој само што не дошол во Македонија, кога тие ќе дојдат на власт, но на дело видовме најнеспособна власт како на централно така и на локално ниво да се соочи и да се справи со овој проблем. Не да го отстрани загадувањето, барем да го намали-истакна Игор Божиновски, ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Тој посочи дека градоначланикот ги истрошил овие три години без да преземе ниту една мерка со што ќе го намали загадувањето во Куманово.

-Три години Максим Димитриевски не презеде никаков проект, ја нема онаа фамозна гаисфикација, ги нема оние мерки на краток и долг рок, за да се справи со загаденоста, но секако сега во последната година од мандатот ќе се наслушаме различни шарени лаги за проекти кои планира да ги спроведе за да добијат колку толку чист воздух. Вмро дпмне за овој прв протест и за оние што следуваат се реши да му остави на градоначалноикот една тегла со чист воздух за него и администрацијата утре да дишат чист воздух, кога тоа не можеме да го сториме ние, нашите семејства и нашите деца-нагласи тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека и во иднина ќе продолжат да ги потсетуваат на неисполнетите ветувања.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)