Телевизорот од Водици заврши во семејството Ангеловски

Кумановецот Иван Антевски кој што го фати крстот на празникот Водици во градскиот базен, денеска ја донираше наградата телевизор на семејството на Јелена Ангеловска, која боледува од целебрална парализа. Дваесетгодишната Јелена живее со својата мајка во село Љубодраг.

Сакам да му се заблагодарам на Иван Антевски за овој прекрасен телевизор. На него ќе гледам приказни,  ќе слушам музика, Ѕвездите на гранд, ќе навивам за дечкото од скопски Илинден и за нашиот Игор од Куманово. Крстот да му донесе многу здравје среќа и бериќет и на него и на неговото семејство-истакна Јелена.

Мајката на Јелена исто така се заблагодари за донацијата. Нагласи дека живеат од пензијата која што ја наследила од нејзиниот починат маж и од посебниот додаток што го добива Јелена.

-Голема благодарност досега никој не не е посетил, никој ништо не ни дал, фала многу и на дечкото што го донираше крстот, нека е жив и здрав секоја година нека го фаќа крстот. Живееме тешко, не се движи воопшто секогаш подигнувам, не може ниту да стапне ништо-посочи таа.

Антевски, кој живее во Норвешка, телевизорот го однел на здружението Инклузива, и сакал тие да одлучат на кое семејство со лице со попреченост, ќе  го доделат.

-Ние како Инклузива немаме врска со донацијава туку ни е дадено да одлучиме на кого да се додели овој телевизор. Во името на Јелена и наше име на Иван кој покажа хуманост, телевизоротот што го доби за фаќање на крстот во затворениот базен го донесе кај нас и рече да одлучиме на кому му треба на дете со попреченост. Знаејќи ја Јелена дека живеат сами бидјеќи мајка и е самохрана и многу тешко излегуваат од својот дом, одлуката падна да и го подариме на неа, за да полесно ги минува нејзините денови  но и да ја посетиме да ја видиме-нагласи Благица Димитровска од Инклузива.

Од Инклузива се надеваат дека и во наредниот период ќе има хумани луѓе кои ќе предизвикаат радост кај некое семејство.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)