Температурните разлики создаваат проблеми кај кумановци

Наглите промени на температурите негативно влијаат врз здравјето на граѓаните. Кумановци велат дека  имале можност да го искористат топлото време и да прошетаат на свеж воздух, но ниските температури во утринските и вечерните часови им создаваат сериозни здравствени проблеми. Само редовната терапија може да им помогне да се прилагодат на овие временските разлики, кои не се вообичаени за овој период од годината. Од наглите климатски промени најмногу се погодени децата. Од детското одделение при Општата болница, велат дека месецов значително е зголемен бројот на заболени, кои имаат вирусни и бактериски инфекции.

-Имаме деца со многу висока температура, повраќање. Топлиот период што беше сега не баш соодветен за ова време, доведе до зголемување на вирусни инфекции. Температура, кашлање, кивавица, затнат нос, да не се брза веднаш да се земаат антибиотици, тоа што може да го реши топол чај, витамини, да биде првин антипиретикот, потоа антибиотик-изјави началникот на Детското одделение, Лилјана Николиќ. 

Таа препорачува децата да излегуваат во текот на денот, но да избегнуваат контакт со заразени деца.

-Да се зголеми отпорноста кај децата, што повеќе да се дава храна, витамини, за жал многу често се оставаат на брза храна, а тоа нема ништо здраво во себе. Барем еден оброк да биде дома топол, традиционален ручек и што помалку да се групираат децата. Имаме случаи мајка да нема каде да го остави детето па ќе го пушти болно во училиште, тоа едно после ќе донесе десет други болни. Тоа ќе треба и учителките и воспитувачките во градинките  да бидат вклучени во тоа, такви деца да се изолираат или враќаат-нагласи таа.

Докторката апелира родителите да обрнат внимание на спортот, кој покрај здравата храна, е многу значаен за стекнување имунитет

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)