Теодора Спасовска победи на ораторската вечер

Средношколката Теодора Спасовска, победи на ораторската вечер насловена „Говори моќно-говори со став“, која се одржа синоќа во Центарот за култура.

Манифестацијата се реализираше во соработка со Клубот на оратори при Правниот факултет од Скопје. Учествуваа ученици од прва до трета година од сите средни училишта од градот. Тие ги прeтставија своите ораторски способности на различни теми, меѓу кои иселување на младите, феминизам, екологија.

-Навистина сме изненадени од одзивот и на тоа што манифестацијата беше навистина добро прифатена од публиката.  Имаше пријавено над 50 учесници, но комисијата направи избор од 12 кандидати и тие вчера се претставија пред кумановската публика со одлични говори кои беа прифатени од публиката. Имаа вежби, подготовки, Никола Крстевски од клубот на оратори при Правниот факултет ги подготвуваше, имаше вежби, секој ден тука во Центарот за култура и вчера беше главниот настан од кој сме презадоволни-изјави директорот на НЦУК Трајко Прокопиев Куманово, Сашо Тодоровски.

Најдобрите поени од стручното жири ги доби Теодора Спасовска, ученик во трета година, при гимназијата Гоце Делчев. Ораторството го гледа како реакреација, нешто што ја исполнува, но не планира со него да се занимава во иднина.  

-Беше храброст од мене да застанам зад говорница бидејќи по природа сум анксиозна личност, која не верува во себе. Се победив самата себе, со тоа што застанав зад говорница, а потоа и со тоа што го кажав. Ми беше многу мило што публиката ме сослуша, и жирито ме оцени бидејќи навистина имав поента која ги засега и младите и повозрасните. Поенатата на мојот говор беше како младата интелегенција овде не е доволно ценета, па тоа е една од причините што ја напушта мојата чудесна земја и се иселува некаде на страна каде што трудот знае да биде многу поценет отколку што е овде во моментот е. Како млада индивидуа тоа го гледам на тој начин и сметам дека и сите останати кои се мои врсници и малку поголеми сметаат на истото-посочи таа.

Надлежните од Центарот за култура се надеваат дека oраторската вечер ќе стане традиционална и дека ќе се одржува и во иднина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)