Технички саем во „Наце Буѓони“

Во техничкото училиште Наце Буѓони денеска се одржа шесттиот по ред Техносаенс на кој учествуваа ученици од основните училишта од градот, Старо Нагоричане и Табановце. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а  за најдобрите се предвидени и награди.

-Дојдоа најдобрите ученици од областа на природните науки и техничкото образование како и од спортот, што значи дека оваа манифестација добива и во своето значење и масовност се поголем и поголем број се заинтересирани за сето она што го направиле во текот на оваа учебна година во своите училишта го презентираат овдека за да го видат сите останатите институции од градот кои се присутни морам да истакнам дека најголем поддршка добиваме од општина Куманово, Секторот за образование, секако и бизнис секторот-Лидија Михајловска директор на средно стручно училиште Наце Буѓони.

Директорката потенцираше дека соработката со претпријатијата мора да продолжи бидејќи тие можат да обезбедат современи машини и кадар со кој ќе се овозможи квалитетна практична настава, а учениците да бидат стручни и компетентни.

Во дворот на училиштето беа поставени повеќе штандови на кои деветтоодделенците можеше да се информираат за струките. Освен бизнис секторот  годинава во саемот беа вклучени и високообразовните институции како електротехничкиот факултет, Машинскиот факултет, ФИНКИ, Универзитетот Гоце Делчев од Штип како и  Еуроколеџ од Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)