Технички саем во „Наце Буѓони“

Во техничкото училиште Наце Буѓони денеска се одржа седмиот по ред Техносаенс на кој учествуваа ученици од основните училишта од градот. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а  за најдобрите се предвидени и награди.

-Манифестацијата се состои од презентација на трудови во сите пријавени области, математика, информатика и други природни науки, спорт, македонски јазик, англиски. Децата ги претставуваат своите трудови, имаат комисија од наставници кои се по соодветните предмети во нашето училиште и после тоа за наградените имаа соодветни награди.  Целта на манифестацијата е да ги запознаеме учениците со нашите можности и потенцијали на нашето училиште-истакна директорот Драган Јаневски.

Во дворот на училиштето беа поставени повеќе штандови на кои деветтоодделенците се информираа за струките. Од техничкото училиште се надеваат дека и оваа година ќе има голем интерес за запишување.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)