Технички саем во „Наце Буѓони“

Полуматурантите од основните училишта од градот денеска учествуваа на техничкиот саем во средното училиште „Наце Буѓони“. Овој настан популарно наречен „Техносаенс“ се организира осма година по ред во чест на Кирил и Методиј, со цел промовирање на училиштето. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории во природните науки, информатиката и спортот.

-Оваа манифестација која традиционално ја подготвувавме за деветоодделенците да ги покажат своите знаења и вештини натпреварувајќи се во различни дисциплини. Во исто време ова е отворен ден и можност за сите заинтересирани ученици да ги посетат нашите кабинети и да присуствуваат на презентациите и да се запознаат со работата на училиштето. Идејата за една ваква организација е со цел да им раскажеме на учениците за нашата успешна приказна. Приказната е започната далечната 1960 година кога е основано средното техничко училиште Наце Буѓони. Денес по 59 години постоење, ова училиште израсна во едно модерно стручно училиште од кое излегуваат ученици, лидери на струки, освоени први места на државни натпревари-истакна директорот Драган Јаневски.

Покрај натпреварувачкиот дел, во дворот на училиштето беа поставени штандови на кои се презентираше работата на струките во техничкото училиште. Техничкото училиште Наце Буѓони изминативе години успешно соработува и на меѓународно ниво со училишта од Маниса и Истанбул.

-Како техничко училиште кое подготвува идни машински механичари, машински техничари, електроенергетичари, програмери, медицински сестри, нашиот  успех и иднина во голем дел се должи  на успешната соработка што ја имаме со стопанствениците од нашиот град. Со многу фирми и претпријатија од градот, како што се Здравствениот дом, ЕВН, СВР Куманово, како и невладините организации Црвен крст, Порака наша, ЦИД-истакна тој.

Од оваа година училиштето соработува и со хуманитарното здружение Мајка, кое преку пректот Од нас за сите нас, се вклучи во организирање на Техно саенс 2019 година. Проектот кој е дел од регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан е финанасиран од ЕУ, а спроведен од програмата Развој на обединетите нации, УНДП. Здружението обезбеди средства за наградите што ќе им бидат доделени на најдобрите натпреварувачи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)