Технички саем во „Наце Буѓони“

Околу 170 полуматуранти од основните училишта во градот денеска учествуваа на техничкиот саем во средното училиште „Наце Буѓони“. Овој настан популарно наречен „Техносаенс“ се организира четврта година по ред во чест на Кирил и Методиј, со цел промовирање на училиштето пред полуматурантите. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории во природните науки, информатиката и спортот.

-Се надеваме на крајот на јуни дека некој ученик од денешниот ден ќе посака да стане иден наш ученик, знаејќи дека иднината на нашата држава и воопшто на општеството и во светот е на науката и техниката, знаеме сите дека најмногу што сега се бара и се дефицитарни -техничките кадри, а техничкото училиште обучува токму таков кадар, машинска, електро-техничка, здравствена струка, се се тоа струки што се „ин“ во последно време и многу барани, а сведоци сме дека постојано излегуваат на интернет конкурсите за вработување на нашите кадри, изјави Лидија Михајловска, директор на техничко училиште „Наце Буѓони“

Подготовките за „Техносаенс“ почнале на почетокот на месецов. Покрај натпреварувачкиот дел, во дворот на училиштето беа поставени штандови на кои се презентираше работата на трите струки во техничкото училиште.

-На машинската струка имаме поставено роботска рака која работи на хидрауличен принцип, додека здравствената струка има поставено штанд со доктори кои што покажуваат на кој начин се вршат преврски, електро-струката има понудено еден плц -уред поврзан со компјутер кој што прави симулација на еден квиз како што е на пр. милионер, изјави Катерина Ѓорѓиевска, професор по машински предмети

За оценување на натпреварувачите беше задолжена комисија составена од стручни лица. Дел од денешните полуматуранти  размислуваат своето средно образование да го продолжат токму во „Наце Буѓони“.

-анкета-тројца учесници

Учениците и 70-те ментори ќе добијат благодарници  за учество на техничкиот саем.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)