Тече изградбата на Смарт парк

Во тек е асфалтирањето на пешачки патеки во стариот градски парк. Изградбата на Смарт парк се спроведува преку проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ со кој се предвидени повеќе активности.

Во паркот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица ќе има нов простор за спорт и рекреација, нови пешачки патеки, нови Смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче.

Предвидени се и нов спортски терен, нова фонтана, паркинг простор и платформа за одржување настани на отворено и простор за домашни миленици.

Коментари

коментар(и)