Тече санацијата на главната улица во „Јане Сандански“

Тече санцијата на главната улица во населбата „Јане Сандански“. Улицата е дел од годишната програма за санација и целосна реконструкција. Предвидено е да се реконструира во должина од 940 метри и да се стави асфалт на 4.500 метри квадратни. За оваа намена одвоени се четири милиони и 100.000 денари, средства од општинскиот буџет. Тендерот го доби кумановската фирма „Кооп инженеринг“. Според надлежните се очекува да се зголеми безбедноста за пешаците и возачите. Од општина Куманово очекуваат целосната реконструкција која беше барање на граѓаните да заврши наредната недела.

Коментари

коментар(и)