Тешко повреден 73-годишен пешак

Седумдесет и тригодишен пешак вчера бил повреден откако во него удрило возило на крстосницата од улицата Драган Стопаревиќ и Васил Драгомански.

Незгодата се случила нешто по 12 часот, кога патничко моторно возило опел корса, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43 години) од Куманово, удрило во С.Д.(73 години), информира Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)