Тинејџер тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Деветнаесет годишно момче од кумановското село Биљановце е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во населбата Бабин Дол.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(23) од Куманово и мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.П.(19).

-Во незгодата, П.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)