ТК „Тумба“ и ТК „Куманово“ организираа турнир во тенис

На новите четири тенери кои се наоѓаат во близина на Спорската сала, денеска се одржа турнир во тенис, кој го организираат тениските клубови Тумба и Куманово. Турнирот на кој учествуваа деца на возраст од 5 до 16 години се организира во чест на 11-ти октомври. Тренерите од двата клуба истакнаа дека се радуваат што со пуштањето на овие терени се отвораат услови за развивање на тенисот во градот.

-Целта на овој турнир е една поголема масовност да привлечеме во тенисот, благодарение на новите терени, гледате има доста голем број на деца, ќе се потрудиме да направиме натпревари од проектот Детски тенис тоа значи црвен портокалов и зелен тенис со редуцирани димензии на терени, нова опрема, топчиња прилагодени за одредена возраст со цел една поголема масовност во овој спорт и да се надеваме дека во овие услови кои што сега ги имаме некој ден ќе направиме и тенисери од светски калибар-истакна Далибор Димковски претседател на тениски клуб Тумба Куманово.

-Задоволен сум имаме одлични услови, досега имавме многу слаби услови за работење а сега би требало одговорните и менаџерите на инситуциите да одлучат на кој начин ќе се употребуваат и дали ќе бидат ставени во функција на развој на тенисот за што и се напревени а ние како два клуба организирајќи го турнирот докажуваме дека имаме капацитет Куманово да го направиме град кој ќе биде препознатлив по убав тенис и сакаме тоа да ни биде обозможено да ни бидат дадени тие услови-додаде Горан Китановски претседател на тенис клуб Куманово.

Поддршка на турнирот даде и Сојузот на спортови на општина Куманово.

-По повод 11-ти октомври бидејќи минатата сабота временските услови не дозволуваа оваа сабота како што гледате собрани се спортисти од неколку тениски клубови од градот и надвор и продолжуваме со активностите околу празникот, мислам дека спортскиот ден денеска ќе биде успешен и дека натпреварувачите ќе ги покажат своите квалитети. Можам да кажам дека и тенисот со двата и овие четири терени кои се направени ќе даде можност на сите луѓе кои се заинтересирани за овој спорт и популација да има квалитет во Куманово и Макеоднија-посочи претседателот на Сојузот на спортови, Сашо Петрушевски.

 

Инаку гостин на турниот беше клубот Нет од Струмица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)