Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, ден кој што е симбол за борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, со особено задоволство сакам да потенцирам дека Куманово е град со најголем број жени на раководни позиции. Посебно сакам да нагласам дека при нивниот избор најважна беше нивната стручност, способност и постигнати резултати во професијата. СДСМ е партија која прва воведе квоти за застапеност на жените во политиката – истакна претседателката на Форумот на жени на СДСМ Куманово, Соња Тодоровска.