(ВИДЕО) Тодоровска: Ќе обезбедиме поквалитетен живот на лицата со попреченост

Отворање Регионален ресурсен центар за деца со попреченост, обезбедување целодневен престој за лицата со попреченост вклучени во образовниот процес во основните и средните училишта, но и отворање на спортска сала за овие лица, се само дел од проектите на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ кои што денеска на прес-конференција ги најави кандидатката за советничка во Советот на Oпштина Куманово, Тања Тодоровска. Според Тодоровска, еден од врвните приоритети во идниот мандат на Советот на општината ќе биде подобрувањето на квалитетот на животот за сите граѓани.

-Бесплатен јавен градски превоз на семејства, кои имаат деца со попреченост и за лица со попреченост, поставување пристапни рампи и тоалети за деца со попреченост во општински училишта, реконструирање на сите тротоари во централно градско подрачје и адаптирање за непречено движење на лица со попреченост, формирање Центри за социјализација на лица со попреченост, како и психолошка поддршка на лица кои се грижат за оваа група на граѓани. Ќе спроведеме целосна реализација на концептот на инклузивна oпштина со обезбедување на пристап до податоци и информации за лица со попреченостпреку креирање на пристапни веб-страници на oпштината и јавните претпријатија, креирање на систем за инклузивна рекреација, спорт, култура, забава и медиуми, со што ќе се овозможи социјална кохезија, изработка на предлог-проект за пристапни заедници – рушење  на бариерите за инклузија (јавни простори, услуги, градби, превоз, информации, комуникација)“, рече Тања Тодоровска, кандидат за советник во Советот на Oпштина Куманово

За подобра комуникација, вели Тодоровска, ќе биде отворена и канцеларија за сите граѓани, кои што имаат потреба од било каков вид на социјална помош или инклузија, советодавно делување во наоѓање работа.

-Важна мерка од програмата претставува олеснувањето на сите лица со попреченост во делот на комунални такси, лице придружник, обезбеден превоз за лица со попреченост, рампи за лица со попреченост, звучни семафори за лица кои се слепи, како и посебни тротоари за лица со
попреченост, рече Тодоровска.

„Инклузивноста во една општина се гледа по мерките и програмите кои се имплементираат. Нашата иницијатива „За наше Куманово“ има за цел да го подобри животот на лицата со попреченост“,  потенцира кандидатката за советничка Тодоровска.

Коментари

коментар(и)