Тодоров: Проекти за поквалитетни услуги на пациeнтите

Носителот на листата на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во втората изборна единица Никола Тодоров денеска промовираше неколку проекти важни за граѓаните на Куманово и поширокиот регион. Во рамките на мега проектот – набавка на медицински апарати за сите здравствени установи во државата во вредност од 33 милиони евра, за општата болница Куманово предвидена е набавка на апарати, инвестиција вредна над 900.000 евра . Дотраениот аналоген мамограф стар повеќе од 30 години ќе биде заменет со нов дигитален кој што ќе биде ставен во функција на сите жени во Куманово и во поширокиот регион имајќи предвид дека ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените, најави  Тодоров. Ќе бидат набавени и други апарати, дигитални ренгени, повеќе типови на ехо апарати, опрема во делот на гинекологијата и слично.  Тодоров  повторно ја најави и изградбата на новиот ургентен центар, како и комплетна реконструкција на одделот за физикална терапија во општа болница Куманово.

-Во програмата имаме два исклучително важни проекти за жителите во населените места Романовце и Пчиња. Во програмата е предвидено изградба на канализациона мрежа во Романовце вредна над 900.000 евра и водоводна мрежа во Пчиња инвестиција вредна над 300.000 евра, и едниот и другиот проект ќе се работат во текот на 2017 година , а градбата би требало да започне во 2018 година со што ќе се реши едно крупно прашање за жителите кои што живеат во овие две населени места, изјави никола Тодоров, носител на листа на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 2

И во наредниот период продолжува грижата за слепите лица и лицата со оштетен вид . Во тој сегмент , вели Тодоров досега се изработени 440 аудио книги,  а во наредниот период ќе бидат изработени по 250 аудио книги годишно односно во период од четири години да се подготват и да се направат достапни за овие лица вкупно 1.000 аудио книги за слепите лица и лицата со оштетен вид.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)