„Толи Зордумис“ – домаќин на Детски семафор

15 екипи од основни училишта од Куманово, Липково и Старо Нагоричане денеска учествуваа на општинскиот сообраќаен натпревар „Детски семафор“, кој што традиционално се одржува во училиштето „Толи Зордумис“. Натпреварот го организира Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи од Куманово, а се состои од два дела. Теоретскиот дел е во полагање на тестови соодветни на возраста на децата кои што се натпреваруваат, а практичниот се состои од возење на велосипед по соодветно подготвен полигон за оваа намена, но, не само правилно туку и вешто управување на велосипед, посочуваат надлежните.

-Петнаесетина години и повеќе сме домаќини на овој натпревар.  Ова е речиси  50-ти пат како се одржуваат вакви манифестации како општински, така регионални, а сме биле домаќини и на државен натпревар. Имаме убав и солидно изграден полигон, учениците се дружат тука во нашето училиште покрај натпреварот кој се состои од два дела, решаваат тестови електронски, и вториот дел  е практично возење на велосипед на училишниот полигон. Ние сме презадоволни од нашите ученици бидејќи имаат освоено многу награди,  изјави Нинослав Трајковски, помошник директор на ООУ „Толи Зордумис“

Домаќинот  на  „Детски семафор“, основното училиште „Толи Зордумис “ секоја година е меѓу училиштата кои што се пласираат на едно од првите три места на натпреварот.

-Оваа година традиционално учествуваме со мешана група, Албанци и Македонци, има и од другите училишта , но групите не се од мешан состав,  или се Македонци или Албанци сите ученици во екипата. Имаме постигнато први, втори и трети места, овие неколку години повеќе сме второ место и трето место. Презадоволна сум бидејќи одлично го совладаа материјалот сообраќај и кога одам во градот ги гледам како учествуваат во сообраќајот и тоа многу влијае од познавањето на сообраќај. Прелесни се прашањата , тие се од секојдневниот живот , прашањата се многу едноставни, изјави Станче Спасовска, професор по техничко образование

Првопласираните на денешната манифестација ќе учествуваат на регионален  натпревар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)