„Толи Зордумис“ – домаќин на меѓународен проект

Наставници  од основното училиште „Толи Зордумис“  наредните пет дена ќе имаат можност да разменат искуства со своите колеги од девет европски држави во рамки на меѓународниот проект, „Нашата приказна, вистинска приказна“ поддржан од Европската Комисија и Македонската  Национална Агенција. Целта на проектот е размена на искуства, методи и техники за работа со децата со посебни потреби, а воедно и презентација и промовирање на инклузивни паралелки, односно како лицата со посебни потреби да ги изразат своите способности во инклузивна паралелка. Главен координатор на проектот е Полска.

Во оваа втора фаза  од проектот наставниците ќе подготвуваат  куклени претстави, а во првата фаза работеле на илустрирана книга од учениците кои се  вклучени во инклузивните паралелки.

-Проектот трае три години, наредната година ќе снимиме видео материјал од збирките кои опфаќаа прибирање, легенди, сказни, приказни -изјави координаторот на проектот од Куманово, Наталија Спасовска.

-Очекувам  добри резултати од проектот и сум  задоволна   од досега реализираните работилници кои треба да ги усовршат методите за работа за ученици во инлузивните паралелеки, изјави Сабина Ласман, координатор на проектот од Полска

Прием за наставниците денеска организираше градоначалникот Максим Димитриевски. Тој смета дека ова е убава можност македонската култура да се презентира во европските  држави.

-Преку книгата ќе се презентираат сказните од Македонија пред европските ученици -изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Основното училиште „Толи Зордумис“  преку проектите „Еразмус плус“  успешно работи од септември 2016-та година . Минатата година група наставници и координатори  од училиштето ја посетија  Италија. А,  денеска во спортската сала на училиштето гостите од Европа имаа можност да уживаат во културно забавната програма составена од шест точки , во кои подготвена од учениците и наставници од училиштето.

-Ние издадовме и приказни, списанија кои се веќе објавени од страна на училиштето во голем број на примероци од сите девет држави , преведени  на македонски и на англиски јазик.  Покрај работниот дел , ќе се трудиме да им обезбедиме и забавен живот , да ги запознаеме со историско –културни знаменитости , обичаи , традиција. Ќе настојуваме да бидеме добри домаќини и да понесат убави спомени во нивните држави , изјави Миле Јордановски, директор на ООУ„Толи Зордумис“

„Толи Зордумис“ е едно од ретките училишта во градот во кое што има соодветни услови  за децата со посебни потреби .

Освен посета на културно-историски споменици во околината на Куманово, во рамките на проектот ќе бидат посетени и  туристичките центри во државата, Охрид и Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)