Наставници од осум европски држави деновиве престојуваат во основното училиште „Толи Зордумис“, во рамки на проектот „Нашата приказна, вистинска приказна“.
Имено меѓународниот проект кој се реализираше изминативе три години, а завршува во септември, се спроведе со поддршка на Европската комисија и Македонската национална агенција.
Целта на проектот е размена на искуства, методи и техники за работа со децата со посебни потреби, а воедно и презентација и промовирање на инклузивни паралелки, односно како лицата со посебни потреби да ги изразат своите способности во инклузивна паралелка.
-Изминативе три години проектот се реализираше во девет училишта од девет држави, ова година е последна, како финален продукт е театарска претстава која ќе биде изведена во сите држави, а во нашата ќе биде претставена од наши ученици и ќе биде снимена и презентирана на финалната средба во Латвија- нагласи Наталија Спасовска, проектен координатор
Во меѓународниот проект , чиј главен координатор е Полска, учествуваат и тимови од Литвија, Германија, Чешка, Турција, Италија, Романија, Португалија и Македонија.
Наставниците од овие европски држави нагласија дека се задоволни од искуството од овој проект, но и од убавините на Македонија.