„Толи Зордумис“ со меѓународни проекти

Наставници и ученици од основното училиште „Толи Зордумис “ работат на пет проекти добиени преку програмата Еразмус +. Последната активност,  посетата на Португалија беше во рамките на реализацијата на проектот „Нашата приказна , вистинска приказна “ поддржан од Европската Комисија и Македонската  Национална Агенција. Целта на проектот е размена на искуства, методи и техники за работа со децата со посебни образовни потреби, а воедно и презентација и промовирање на инклузивни паралелки.

-Деновите беа исполнети со подготовка на една финална претстава која што беше организирана од сите партнер -училишта со тоа што беше подготвена првенствено сценографија за еден т.н. нивен осмислен брод и на тој брод секоја држава требаше да раскаже по една приказна која што беше или претходно подготвена по избор на самиот учесник или таму на лице место одглумена , раскажана. Дел од нашиот тим подготвуваше сценографија, изработуваа еден брод и позадина. Тие имаат во нивното училиште цел амфитеатар каде што може да се изведе ваков вид на претстава, а останатите членови имавме задача за подготовка или на филмот, или на материјалот со кој што ќе биде претставена таа приказна од својата држава на најдобар можен начин, изјави Наталија Спасовска, проектен координатор

Во меѓународниот проект , чиј главен координатор е Полска, учествуваат и тимови од Литванија, Германија, Чешка, Турција, Италија, Романија, Португалија и секако Македонија.

-Имавме можност да видиме како работат нивните образовни системи, како се одвива наставата таму и образованието и среќен сум што имав прилика сето тоа да го видам. На последната работилница во Португалија имавме прилика да присуствуваме на работилница пет дена каде што наставниците изготвуваа театарска претстава .Интересно беше бидејќи една група работеше на сценографија, другите беа актери и подоцна секоја држава се претставуваше со некоја своја приказна од својот крај. Ние настапивме со Ленче кумановче во која што глумат ученици од нашето училиште, изјави Миле Јордановски, директор на ООУ„Толи Зордумис“

Традиционалната македонска претставата „Ленче кумановче“  била изведена на англиски јазик. Во неа има вклучено  инклузивна паралелка, а кратка улога има и еден ученик со посебни образовни потреби.

-Основната цел на проектот и на сите Еразмус плус проекти е тоа што ние како наставници најчесто се среќаваме во одделение со ученици со посебни потреби, со талентирани ученици итн. Ние сме обучени за работа со учениците со методи , форми и други наставни средства и помагала што ги користиме меѓутоа секој наставник има потреба од дополнителна обука како да работи со едно дете со посебни образовни потреби, како да препознае или истакне талент кај ученикот, како да ги насочува, кои се карактеристиките, какви видови има, затоа овие проекти и проектите на нашето училиште најчесто се базирани на работа со деца со посебни потреби, со потешкотии и на ученици кои што имаат таленти во одредени области од нивното учење, изјави Спасовска.

Проектот е со времетраење од три години и ќе заврши идната година. Инаку, следната активности во рамките на проектот „Нашата приказна, вистинска приказна“  ќе биде реализирана во март месец идната година во Македонија, односно повторно домаќин ќе биде училиштето „Толи Зордумис“, информираат надлежните. Тогаш тимот од училиштето ќе има задача да организира средба на сите партнер -училишта во проектот и на крајот  да  подготви  едно кратко видео од приказни, легенди и собрани материјали  од сите држави, учеснички во проектот. Видео материјалот ќе биде подготвен од ученици и наставници кои што се вклучени во проектот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)