„Толи Зордумис“ со приредба во „Зафир Сајто“

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Велигден , стотина ученици од прво до петто одделение со мешан етнички состав од основното училиште „Толи Зордумис“  денеска го посетија домот за стари лица „Зафир Сајто“.  Со дарување на бојадисани јајца  и со изведба на културно- уметничка приредба учениците беа меѓу првите кои што им ги честитаа велигденските празници на  корисниците на услугите на оваа установа .

-Учениците од основното училиште Толи Зордумис заедно со подрачното училиште од рРжановце  од мултиетнички состав подготвија  приредба за повозрасните лица. Децата  вапсаа јајца, нивна лична изработка со цел на овие стари лица да им го честитаат празникот , да им внесат малку радост , среќа и да им пожелат добро здравје и долг живот. Секоја година нашето училиште благодарение на директорот, стручната служба и заедно во договор со наставничкиот кадар се договараме на овој ден да им го честитаме празникот пред се на најстарите луѓе како симбол на вечен живот, да им посакаме долг живот, здравје и радости,  изјави Александра Грубор , ООУ„Толи Зордумис“

Јајцата кои што денеска учениците им ги подарија на повозрасните лица кои што престојуваат во Зафир Сајто, се нивна лична изработка и декорација, но секако  поддржани од наставниот кадар во Толи Зордумис.

Корисниците на услугите на домот за стари лица со задоволство ги очекуваат  празниците бидејќи знаат дека за сите поголеми празници доаѓаат  учениците да им ги честитаат празниците со соодветна програма.

-Старите лица секогаш се радуваат на посетите од дечињата и веќе се навикнати дека во пресрет на големите христијански празници ќе  уживаат во пригодна културно уметничка програма подготвена од учениците , изјави Росица Митиќ, Дом за стари лица „Зафир Сајто“

Освен учениците од Толи Зордумис , во посета на домот за стари лица утрово беа и ученици од основното училиште „Крсте Мисирков“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)