ТППЕ Куманово бележи пет интервенции изминатото деноноќие

Пет интервенции вчера регистрираат кумановските пожарникари, и тоа претежно гаснеле запалена сува трева.

Првата интервенција, според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи била во селата Доброшане, Биљановце и Скачковце, каде во период од 13:25 до 16:05 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева.

На булеварот „Октомвриска револуција“ тројца пожарникари гаснеле запален отпад во период од 09:30 до 10:05 часот.

Патничко моторно возило вчера се запалилно во атарот на Агино село, каде четворица пожарникари интервенирале во период од 16:32 до 17:35 часот.

Сува трева горела повторно во село Доброшане во попладневните часови, како и во селото Проевце.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)