Традиционална прослава на Бадник во Орашац

Со традиционалните обичаи за Бадник, жителите на кумановското село Орашац го прославија големиот христијански празник. Бадникова трпеза, кршење лепче со паричка, греана ракија и музика беа дел од општо народната прослава на Бадник  во ова село. Организаторите задоволни што традицијата продолжува, а манифестацијата се одржува по десетти пат годинава. Освен мештани, на празнувањето на Бадник се покануваат и други гости, вели организаторот Крсто Милошевски.

– За да биде нешто поубаво треба човекот да е подготвен, да има добра добра организација и волја кај народот. Овој празник денеска помина во студено време, но весел празник. Имаме кум кој не треба ништо да донесе, се од своја душа, имаме спонзори меѓу кои компанијата Елида, 30 пакетчиња за дечињата, лепчиња со златник,избор на нов кум, така што традицијата продолжува. За жал, оваа година нема да има карневал, имаме  20-25 печалбари кои ни го разживеаја селото, изјави Крсто Милошевски, организатор на манифестацијата

Освен пакетчиња за најмалите, на прославата се поделија и 150 лепчиња на присутните, а во две од нив имаше златник и сребреник. Најсреќната оваа година беше Билјана Божиновска, која што потекнува од Орашац, а живее во Словенија.

-Пресреќна сум вечерва, нова кума сум во оваа година. Тука сум од селото, аживеам во Словенија. Вечерва паричката се падна кај мене, така што и идната година треба пак да дојдам во селото, изјави Билјана Божиновска, кума

Селото Орашац 12 километри оддалечено од Куманово, со асфалтен пат, селски изграден водовод, црква, пошта, фудбалски клуб, продавница. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002-та  година, селото има 387 жители, сите Македонци, а во далечната  1905-та година во Орашац имало дури 688 жители.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)