Трае пријавувањето за „ Ноемвриска награда “

Општина Куманово и годинава по повод Денот на ослободување на градот ќе ја додели традиционалната „ Ноемвриска награда”, како израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области.
Според oдлуката, „Ноемвриска награда“  се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период, посочува претседателот на комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Сашо Милковски.

– Авторот на делото или резултатите што ги имаат остварено треба да е жител на Куманово, претпријатијата, установите, здруженијата и заедниците треба да се од Општина Куманово. Право на предлагање имаат сите граѓани на Куманово, претпријатија, установи, заедници и здруженија најдоцна до 31 октомври, изјави Сашо Милковски, претседател на Комисија за одбележување празници

Предлозите за доделување на „Ноемвриска  награда “ со образложение во писмена форма треба да се достават  до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија.  Комисијата се уште не одлучила колку награди и признанија ќе бидат доделени годинава.

– Ја користам оваа прилика  сите граѓани на Куманово, претпријатија, установи и заедници , сите што имаат некој придонес за Куманово да ги достават своите предлози до нашата комисија. Вчера имав информација дека досега има доставено пет или шест предлози до општината, но се уште не се знае бидејќи тука учествуваат и поединци и претпријатија и установи така што може секој во својата бранша да е успешен и да добие „Ноемвриска награда“ , не сме ограничени, изјави Милковски.

Без разлика колку награди ќе бидат доделени, фондот останува ист како и претходните години, вкупно 100.000 денари, информира Милковски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)